| 5.11.2008 11:03 | ||
| Од МБИ 10 Бетон со најголем раст |
|
|
Прометот во последните шеесетна минути тргување се зголеми (9.639.848,08 ден). Овој промет се оствари со тргувањето со скоро истите акции кои се тргуваше претходниот час. Движењата на индексите и натаму го следат правецот кој го започнаа денес. МБИ 10 (+0,75%), МБИД (+0,32%) и ОМБ (-0,12%). До сега, со само четири акции од МБИ 10 се тргуваше, од кои сите додаоа по некое денарче повеќе на својата вредност. Од нив со најголем раст е Бетон чија акција поскапе за 2,81 отсто ( БЕТН 12.275 денари). Со сличен пораст беа и Алкалоид (АЛК) и Топлификација (ТПЛФ). Вредноста на АЛК додаде дополнителни 1,2% на својата претходна промена (2,39%), па сегашната просечна цена изнесува 4.855,39 денари. Топлификација направи скок во зелената територија и тоа за 2,12% (4.493,24 ден). Комерцијална банка ( КМБ 3.402,78 ден) иако ја намали својата последна промена за 0,01 отато (+0,08%), сепак го задржа плусот како предзнак. На државните обврзници РМДЕН05 (+0,12%), РМДЕН07 (-0,41%) има се придружи и РМДЕН03 (-0,47%) . Тргувањето со Кјуби допринесе до зголемување на вредноста на оваа акција и тоа за 1,85 отсто. Вчера оваа акција затвори со +2,76% односно на 1,080 денари. Денешната просечна цена на Кјуби е 1.100,00 ден. (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









