 Холандската влада и додели грант на Македонија во износ од 7 милиони евра за нејзината макроекономија, поточно како поддршка на развојните политики на земјата.
Министерот за финансии Трајко Славевски, маркус Репник од Светкста банка и амбасадорката на Холандија Симон Филипини потпишаа договор за грант, при што пораката на донаторот содржеше безрезервна поддршка на напорите на земјата да се приклучи кон евроатлантските структури, но и сугестија средствата да се трошат разумно. Филипини, подвлекувајќи дека станува збор за макроекономска помош за земјата и дека Холандската влада поддржува голем број земји во развој, сепак истакна дека само мал број земји добиваат ваква помош. “Сметам дека фкатот што една земја да добие макроекономска поддршка е знак на доверба. Долгорочната соработка претставува експериментално подрачје за понатамошна соработка “ рече Филипини и им порача на Светската банка и на министерот Славевски умно да ги потрошат тие средства, пренесоа медиумите.
Министерот Славевски, информирајќи дека средствата се веќе испланирани како дел од буџетот зашто биле ветени, самиот вети дека ќе се искористат за подобрување на инвестициската клима и за зајакнување на јавниот сектор и дека во таа смисла се многу корисни.
Претставникот на Светската банка, Реплик, од своја страна изјави дека договорот и придонесот што ќе го има е значителен, бидејќи претставува поддршка на клучните елементи на една реформска агенда која дала огромни резултати, посебно во делот на подобрување на деловната клима. Освен тоа, и тој изрази целосна поддршка за Македонија во насока на нејзините евроатлански интеграции.
|