| 22.04.2008 06:29 | ||
| Протест на Црвенковски до ООН |
|
|
|
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска упати писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во врска со прекршувањето на Привремената спогодба од 1995 година од страна на Република Грција, јавува Сител.- Имајќи предвид дека под Ваше покровителство се одвива процес согласно резолуциите 817(1993) и 845(1993) на Советот на безбедност и Привремената спогодба од 1995 година, ја користам оваа прилика да ве информирам за следното: Република Македонија, и покрај целата апсурдност на прашањето, активно, конструктивно и посветено партиципира во процесот што се одвива под покровителство на ОН, со медијаторство на Вашиот личен пратеник, амбасадорот Метју Нимиц, телевизија Сител го цитира писмото од претседателот Црвенковски до Бан Ки-мун.Македонскиот претседател, како што соопшти денеска неговиот кабинет, во писмото потенцира дека Република Македонија доследно ги почитува преземените правни обврски и истовремено ја потврдува својата конструктивност со повеќето предлози и отстапки сторени во текот на овој долгогодишен процес.- За жал, другата страна не ја покажува истата посветеност кон преземените обврски, што се потврди со неодамнешното флагрантно кршење на членот 11 од Привремената спогодба. Според членот 11 од документот, Република Грција е правно обврзана „да не приговара на пријавата за членство или на членството на Втората страна во меѓународни, мултилатерални и регионални институции и организации, во кои Првата страна е членка. Но, Првата страна го задржува правото да приговара на секое горенаведено членство, ако и доколку во таквите организации и институции на Втората страна и се обраќаат поинаку од она определено во параграф 2 во Резолуцијата 817(1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации“, се наведува понатаму во писмото.И покрај таквата обврска, подвлекува шефот на државата, на НАТО Самитот во Букурешт, од 2-4 април 2008 година, Грција приговори на нашата покана за прием во Алијансата, условувајќи ја со претходно постигнување на взаемно прифатливо решение за разликата за името на Република Македонија, со што директно го повреди горенаведениот член.Со посоченото грубо кршење на обврските на Република Грција од Привремената спогодба, како и сторената повреда на еден од основните принципи на меѓународното право - pacta sunt servanda, оценува во писмото Црвенковски, се загрозува и сериозно се поткопува договорениот процес во член 5 од Привремената спогодба, како и принципите од Повелбата на ООН.- Едновремено, Република Македонија смета дека ваквото однесување на Република Грција може да предизвика и далекусежни дестабилизирачки последици во регионот на Југоисточна Европа. Во овој контекст, би сакал да Ве информирам дека од наша страна е упатен најостар протест до Република Грција заради тешката повреда на членот 11 од Привремената спогодба, при што меѓу другото, е укажано и на можните последици, стои во писмото кое денеска претседателот Бранко Црвенковски го испрати до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, проследено со барањето со неговата содржината да бидат запознаени Советот за безбедност и членките на Светската органзиација.Веста е преземена од ТВ Сител
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|









