ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
6.11.2008 13:00
Зголемен обем на тргување Испечати Е-пошта
Sample Image
Нови Триглав на врвот по промет
На денешното тргување, сите три индекси потонаа. Крајните вредности на индексите се следни: МБИ10 3.037,43 поени (-0,39%), МБИД 3.321,95 поени (-0,71%) и ОМБ 104,48 (-0,21%).  
 
Со најголем пораст на денешното тргување е Фабриката за цевки 11 Октомври. Зголемувањето од 5,65 отсто беше остварено низ мал обем на трансакции, низ кој минаа 211 акции. Со сличен раст беа Комерцијална и Стопанска банка Битола кои пораснаа за 2,50% и 2,20%, соодветно. Со оваа позитивна промена, нивните просечни цени поскапеа (3.500,44 ден и 3.103,83 ден). Акцијата на Витаминка веќе трет ден по ред затвора со зголемена вредност. Па така денес оваа акција е поскапа за 142,27 денари, во однос на вчерашната крајна посечна цена. Порастот денес изнесуваше 1,83 отсто. Во фиксинг режим на тргување, Макошпед успеа да затвори со +1,54%. 
 
Во непопуларната групација денес, за жал, имаше повеќе акции. Со најголемо потонување и тоа со двоцифрен предзнак беа РЖ Фаморд (-19,35%) и ЕМО (-14,12%), додека пак останатите изгубија помалку. Вредноста на Жито Лукс утрешното тргување ќе го започне со просечна цена од 361,00 денари. Во оваа групација се најде и ЗУС, со чија акција во изминативе шест месеци се тргуваше само еднаш. Денешната негативна остварена промена (-7,50%), ја поефтини акцијата за околу 15ина денари. Во една трансакција, се истргува со 10.000 акции од ЗУС. За 3,88 отсто се намали и Тутунска банка, чија просечна цена падна на 6.200,00 денари.
 
На листата со најголем остварен промет на врвот се најде Нови Триглав со 3.684.200,00 денари. Од оваа акција беа минати само 1.090 акции, низ само две трансакции. Алкалоид беше втор по ликвидност со истргувани 2.764.800,00 денари, денес денот го заврши со -1,68% (4.800,00 ден). Прометот на Стопанска банка Битола изнесуваше 1.998.866,00 ден, додека Гранит и ЗУС остварија промет од по 1.998.110,00 и 1.850.000,00 денари, соодветно.
 
Се на се, денешниот вкупен промет од сите пазари изнесува 19.579.741,64 денари, што е за околу два милиони повеќе од вчерашниот . Најголемиот дел од овој промет се оствари со тргувањето со обични акции (18.452.750,00 ден), додека остатокот им припаѓа на обврзниците (1.125.991,64 ден). Количината на обврзници со кои денес се тргуваше изнесува 22.606, додека пак кај акциите е нешто помал (21.528 акции).
 
(Мк Фондови)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови