|

Експертите на Меѓународниот монетарен фонд предвидуваат дека Македонија, во текот на оваа и наредната година ќе оствари стопански раст од 4,5% односно 5%.
Анализијаќи го движењето на европската економија, ММФ проценува дека Хрватска во истиот период ќе оствари четири, односно шест проценти, додека Србија 4,3% во 2008г., но помалку од 4% во 2009. Босна и Херцеговина, според најновите проценки на ММФ, оваа и наредната година би требало да оствари економски раст од 5,5%, додека Црна Гора би требало оваа година да оствари најголем стопански раст во регионот од 7,2%, но идната година експанзијата во таа земја да биде пониска односно 5,4%, ја пренесуваат веста електронските медиуми, преземена од Интернет страницата на ММФ.
Наведените земји од регионот, но и другите европски држави во транзиција, во анализираниот период ќе остварат натамошна стопанска експанзија, но стапката на растот ќе биде пониска отколку во текот на изминатиот период. Експертите на ММФ, според медиумите, наведуваат дека во поголем број транзициски европски земји се забележува брз раст на надворешниот дебаланс, вклучувајќи и мошне големи дефицити во билансите на тековните плаќања и раст на надворешниот долг, што го зголемува ризикот од „силно приземјување“.
|