| 7.11.2008 13:56 | ||
| На крај од тргувањето само шест акции во пораст |
|
|
Во фиксинг режимот на тргување поминаа акциите на Инетпромет Тетово, завршувајќи го денот како најголем добитник со пораст од 20% и просечна цена од 732,00 ден. Од најликвидните компании, единствено акцијата на Алкалоид има пораст од само 0.01% и во понеделник ќе стартува со просечна цена од 4.800,00 ден. Телеком не успеа да оствари поголем пораст и се задржа на просечна цена од 417,00 ден. Тргувањето со овие акции варира веќе цел месец, со наизменичен пораст и пад. Денес, оваа акција се најде во зелената зона, додавајќи 0.48%. Најголем пад (20%) имаше кај акцијата на РЖ Фаморд. На почетокот на тргувањето, акцијата на Македонијатурист потона за 5.81%, понатаму ја намали негативната вредност и затвори со просечна вредност од 4.790,76 ден. и пад од 5 отсто. Од компаниите во МБИ 10, позабележлив беше падот на акцијата на Макстил од 1.89% (260,00 ден.). На Официјалниот пазар се оствари промет од над 20 мил.ден, на Редовниот пазар вкупниот промет изнесуваше нешто над 42 мил.ден, додека вкупно остварениот промет денес беше во износ од 62.192.985,32 ден. (МКФонодви)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









