|
Mинистерот за правда на Србија, Душан Петровиќ, изјавил дека Србија е подготвена да потпише договор за стабилизација и приклучување кон Европската унија во истиот момент во кој Брисел ќе донесе таква одлука.
“Србија ќе го потпише она што е добро за неа и за нејзините граѓани“, рекол Петровиќ на конференцијата за новинари по состанокот со членовите на комисијата за примена на национална стратегија за борба против корупцијата, ја пренесуваат македонските медиуми информацијата на Танјуг.според изворот, тој оценил дека е битно земјата да направи формален чекор кон ЕУ, додавајќи дека не знае кога таа одлука ќе биде донесена во Брисел, па според тоа ни кога Србија ќе може да го потпише договорот.
|