 | Од минималниот пад од 0.01%, МБИ 10 успеа понатаму да потоне на 3.002,40 поени или за 0.54% |
Освен Мермерен комбинат Прилеп, имаме позитивен ден и за инвеститорите во Солун -2001 Гевгелија АД (СОЛН), чии акции отскокнаа за 1.67% (305,00 ден.). Акцијата на Телеком (ТЕЛ) го зголеми позитивниот предзнак на 0.90% и се тргува по просечна цена од 420,74 ден. За сега има нов губитник на врвот, тоа е акцијата на РЖ Ленти (РЖЛЕ) која потона за 2.99% на 178,10 ден. Најголем промет остваруваат акциите на Комерцијална банка (КМБ) над 782 илјади денари, но истата е во црвената зона со намалување од 2.31% на просечна вредност од 3.400,03 ден. Вкупниот промет изнесува над 1.5 милион денари.
|