ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
23.04.2008 04:55
Владата не ги слуша бизнисмените Испечати Е-пошта

 Sample Image

Сите стопанственици се контра примената на патриотски фискални сметки, но Владата упорно опстојува во намерата за нивно задолжително имплементирање до почетокот на јули годинава, јавува Утрински весник.

Ова е една од ретките прашања кои ги обединија дури и двете стопански комори, кои обично не се поклопуваат во своите ставови. Минатата недела, Стопанската комора на Македонија побара од Владата да го стопира процесот на воведување на патриотските сметки или Министерството за финансии да ги покрие трошоците за софтверската надградба на касите. Сојузот на стопански комори не излезе со свое конкретно барање, но се изјасни против ваквата акција, иако премиерот Никола Груевски на средбата со членовите на ССК мислеше дека тие ќе застанат на негова страна, како што досега го поддржуваа во сите одлуки.

„Сојузот на стопански комори не ја одобрува оваа новина, бидејќи не е во функција на економијата и не може да придонесе за некакви позитивни резултати“, ја пренесува Утрински изјавата на претседателот на ССК Венко Глигоров. Премиерот, пак, потсетува дека слична практика постои и во други земји, како што е Ирска. Неговото објаснување на идејата е дека, на овој начин, граќаните ќе имаат увид колку пари трошат за купување домашни производи. 

Главнито аргумент на трговците е дека тоа повторно ќе биде на грбот на граѓаните, зашто ќе доведе до нов бран поскапувања на храната. Затоа, тие бараат Владата и Министерството за финансии да ги платат трошоците за измената на фискалните каси, сметајќи дека дека ниту можат, ниту, пак, е в ред тие да го сносат трошокот за новото фискализирање кое треба да стапи во сила до јули.

„Цехот за патриотските сметки треба да го плати Владата, Министерството за финансии или домашните производители, чиј бизнис ќе се стимулира со новите фискални сметки. Во спротивно, во повеќето трговски маркети товарот ќе го понесат потрошувачите преку покачените цени“, Утрински ги цитира трговците.

Математиките покажуваат дека трговците за нова фискална меморија ќе треба да издвојат од 4,800 денари до 15,000 денари само за една каса, зависно од видот на апаратите. Се проценува дека надградба на фискалните каси најмногу ќе ги погоди дуќанчињата, но и големите маркети, кои имаат повеќе од 90 фискални апарати. Според сервисерите, трговците кои плаќаат редовно одржување на фискалните апарати ќе платат 50 отсто помалку од редовната цена потребна да се плати за вградување на новиот софтвер, но, сепак, тоа ќе биде трошок и за фирмите и за нив. Според сервисерите, само 10 отсто од фирмите плаќаат за редовно одржување на фискалните апарати, што значи дека сите други ќе треба да ја платат целата сума за надградувањето, коментира весникот. На крајот, истакнува дека против ваков вид ’патриотски’ сметки, во принцип, се и Светската трговска организација и Европската унија.

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови