| 23.04.2008 05:11 | ||
| Ланската добивка на Алкалоид - 7 милиони евра |
|
|
|
Најголемата фармацевтска компанија во земјата, „Алкалоид“, минатата година ја завршила со добивка од 6,8 милиони евра, стои во нејзиниот ревидиран финансиски извештај за 2007 година.
Остварената добивка од во минатата година од 418,5 милиони денари (6,8 мил. евра) претставува 7,8 отсто повеќе од добивката остварена во 2006 година. Тоа е главно остварено со зголемување на вкупните приходи од продажба во изминатата година, кои достигнале 4,26 милијарди денари или 69,5 мил. евра, т.е. 20,48 отсто повеќе одошто во претходната, 2006 година.Согласно Одлуката за употреба и распределба на добивката по годишната сметка на друштвото за 2007 година, 159 милиони денари (2,6 мил. евра) ќе се издвојт за исплата на дивиденди и секој акционер кој до датата на дивиденда ќе има акции, ќе добие дивиденда од 100 денари за една акција. Собранието на Компанијата донесло одлука другиот дел од добивката - 151 милион денари - да се вложи во идниот развој и инвестиции на Алкалоид.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|









