| 11.11.2008 16:20 | ||
| Комерцијална банка оствари најголем промет |
|
|
Од компаниите во МБИ 10 само акцијата на Бетон го заврши денешното тргување во плус од 1.04%. Долго време и акцијата на Гранит се задржа во позитива, но на крај потона за 0.63% и утрешното тргување ќе го започне со просечна цена од 696,26 ден. Ист процент на намалување од 1.02% имаа акциите на Топлификација (ТПЛФ) и Комерцијална банка (КМБ). Понезначително намалување, помалку од еден отсто имаа акциите на Алкалоид (АЛК) и Макпетрол (МПТ). Без промена на вредноста останаа акциите на Охридска банка (ОХБ) и Стопанска банка Битола (СБТ), додека со акциите на Макстил (СТИЛ) денес немаше тргување. Најголем пораст имаше акцијата на Интерпромет Тетово од 19.95%, следени од акциите на Бетон Скопје, Технометал Вардар и Витаминка Прилеп со пораст од над еден отсто. Најголем пад остварија акциите на Жито Вардар (ЖТВР) од 9.23%, додека се тргуваа по просечна цена од 2.511,76 ден. По вчерашниот пад од над 2%, акцијата на РЖ Ленти (РЖЛЕ 165,50 ден.) и денес потона но за 7.66%, а со сличен пад од 7.41% беа и акциите на Скопски Пазар (СПАЗ 15.000,00 ден.). Позначителен пад забележаа акциите на ЗУС и Мермерен комбинат Прилеп од над 4 отсто. Најголем промет оствари акцијата на Комерцијална банка со над 3 мил.ден, додека вкупниот промет изнесуваше 18.535.833,68 ден.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|











