ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
24.04.2008 08:36
Сончогледот повторно актуелен Испечати Е-пошта

 Sample Image

Сончогледот повторно ќе се сее на македонските ниви. Иницијативата за враќање на оваа индустриска култура ја покрена велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“, која е и единствен преработувач на сончогледовото семе во нашата држава, а ја поддржа и Министерството за земјоделство, јавува ТВ Сител.

По веста дека велешката фабрика на земјоделците им гарантира квалитетен семенски материјал и откуп на сончоглед по цена од 22 денари за килограм, во „Благој Ѓорев“ се пријавија повеќе индивидуални производители, од битолскиот и од прилепскиот крај.
Од „Благој Ѓорев“ најавуваат дека ќе бидат обезбедени и пари за транспортните трошоци од нивата до фабриката.
- Интерес за сеидба на сончогледот и за склучување на договори досега пројавија над 600 индивидуални производители. Задоволни се од понудената гарантирана откупна цена и од обезбедувањето на квалитетен семенски материјал. Оваа пролет ќе бидат засеани повеќе од 5.000 хектари, вели Златко Николовски, раководител за обезбедување на суровини во велешката фабрика.
Тој верува дека до крајот на април, кога ќе почне сеидбата, бројот на заинтересираните земјоделци ќе биде поголем. - Кога на ова ќе се додадат и површините што во скоро време треба да ги договориме со Комбинатите и земјоделските задруги оваа пролет очекуваме на полињата во Македонија да бидат посеани над 10.000 хектари од кои фабриката планира да откупи околу 15.000 тони квалитетно сончогледово семе, вели Николовски.
Оваа иницијатива беше покрената бидејќи Македонија секоја година за купување на сурово масло плаќа големи девизи иако во нашата држава постојат идеални услови за одгледување на сончогледот. Во 1986 година на полињата во Битолско, Скопско, Прилепско, Кумановско, Овчеполието и во други региони сончогледот беше застапен на површина од над 30.000 хектари.

Веста е преземена од ТВ Сител.

Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови