| 12.11.2008 09:23 | ||
| Акцијата на Макстил потона за 7.69% |
|
|
По вчерашната најава од Силмак дека ќе отпуштаат вработени, се поставува прашањето дали истата судбина го чека најголемиот извозник на челик во Македонија? Макстил е една од компаниите кои што имаат значајно влијание врз вкупниот БДП и БНП. И покрај доминантниот сопственик и малиот број на слободни акции, како и фактот дека три години Макстил нема поделено дивиденда, истата во последните два месеци постојано е една од најликвидните. Од нивото од 220,00 ден. по акција кон крајот на минатиот месец, акцијата ја зголеми вредноста за околу 12% и деновиве се тргува по цена од 260,00 ден, за акција. Но, на денешниот старт од тргувањето, оваа акција компонента во индексот МБИ 10 ја намали својата вредност за 7.69%, на просечна цена од 240,00 ден. Двете градежни компании Бетон и Гранит исто така се во црвената територија, остваруваат пад 2.74 и 0.20%, соодветно. Поголем пад забележуваат и акциите на Макпетрол и Топлификација од над 5 отсто. Просечната цена на Макпетрол се намали на 40.000,00 ден., додека на Топлификација се намали на 4.130,08 ден. МБИ 10 индексот потона за 2.45%, на 2.894,95 поени. Вкупнио промет изнесува 2.230.835,52 ден. (МКФондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









