| 13.11.2008 07:44 | ||
| Црногорска берза: Поголемиот дел од акциите во минус |
|
|
Индексот НЕКС20 потона за дополнителни 2,36 отсто, додека пак НЕКСПИФ забележа благ пораст (0.89%), додека пак единствениот индекс на берзата во Црна Гора МОСТЕ беше со негативен предзнак од 2,20%. На тргувањето вчера една третина од транскациите беа на Атлас Монт ( 600.000 акции) со промет од околу 37.000 евра. Во групата со најголем остварен промет беше и Електростопанство чија цена се намали за 6,94%, остарувајќи промет поголем од 25.000 евра, и тоа со просечна цена од 2.5379 евра. Од обврзниците со најголем промет имаа пензионерските обврзници П09П и тоа во износ поголем од 15.500 евра, при тоа имаа и благ раст на вредноста (+0,11%). Вкупниот промет кој се оствари со тргувањето на обврзниците изнесуваше 70.000 евра. Без промена на вредноста остана акцијата на Јадранското бродоградилиште (+9,00%), при тоа се оствари промет во износ од 10.000 евра. Атланс Монт беше на врвот прометот меѓу фондовите со околу 45.000 евра и раст за 3,17 отсто, додека пак прометот на ХЛТ Фонд изнесуваше повеќе од 2.500 евра (+4,12%). (Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









