|

Според Државниот завод за статистика, просечната нето плата по вработен во февруари оваа година е поголема за 9,1 % во однос на февруари 2007 година.
Тоа, според Заводот, се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите здравство и социјална работа (16,9%) , рударство и вадење камен (12,6%) и образование (11,5%). Сообраќај, складирање и врски, образование и активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности се секторите во кои дошло до најголемо покачување на платите по вработен. Истовремено, истиот извор објави и дека, во февруари 2008 година, 9,5 проценти од вработените во земјава не примиле плата, што е за 3,5 проценти помалку во споредба со истиот период претходната година. И бруто платата по вработен во февруари годинава е поголема (7.4 %) од онаа исплатена во февруари лани. Повторно, и ова е резултат на пкачувањето на просечните бруто плати во речиси истите сектори: здравство и социјална работа - 15,8 проценти, рударство и вадење камен - 10,2 проценти и градежништво - 10 прoценти повеќе.
|