| 25.04.2008 07:08 | ||
| Ништо ново од ЕУ, смета Груевски |
|
|
|
За Груевски, споменувањето на спорот со Грција и барањето за постигнување решение во Извештајот за Македонија на Европскиот парламент не е неочекувано, затоа што спорот беше пречка за приемот во НАТО.
- Тоа не е нешто неочекувано. Јас уште во ноември минатата година шест месеци пред Самиот на НАТО во неколку наврати изјавив дека проблемот со името стана единствен проблем за наш прием во Алијансата. Очигледно е дека тоа ќе се провлекува и кога станува збор за Европската унија, изјави Груевски по средбата во Стопанската комора на Македонија.Тој додаде дека Владата ќе се обидува и натаму да се најде некакво решение за спорот, но нагласи дека тоа ќе се бара во рамките на она што може да се направи и до она што претставува црвена линија за Македонија преку која не може да се оди.Европскиот парлемент вчера го усвои извештајот за Македонија во кој се наведува дека земјата има постигнато напредок на патот кон Европската унија и оти спорот за името со Грција треба да се реши за да не биде пречка во евроинтергацијата на земјата.Извештајот подготвен од холандскиот европаратеник Ерик Мејер усвоен е со 601 глас „за“, 52 „против“ и 30 воздржани.Веста е преземена одТВ Сител
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|









