|
 Вчераутро, Македонците, како и сите православни, вапцаа јајца пред изгрејсонце, спроти Велики петок.
Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. На денешен ден од последна (Страдална) недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата (причест). Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зел леб, го прекршил и им подал на учениците, т.е. на апостолите, а зел и чаша со вино и исто така им ја подал да пијат, со што ја најавил својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт било јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова.
|