|

Бугарија преку Европската Унија ја предупредува Македонија да престане преку медиумите да сее омраза против источниот сосед, јавува ТВ Сител.
Бугарскиот Пратеник во европскиот Парламент Никола Младенов изјавил: Бугарија сака несебично да ја поддржи Македонија, но мора да биде јасно дека Антибугарската пропаганда ги уништува добрите билатерални односи меѓу двете земји како македонскиот влез во Унијата.Младенов учествуваше и во подготовката на извештајот на ЕП кој пред два дена беше усвоен и во кои Македонија доби позитивни оценки. И неговиот колега, Евгениј Кирилов, им се пожали на европарламентарците дека одредени кругови во Македонија прават напори да го свртат македонскиот против бугарскиот народ. Ваквите поплаки најмногу им одат во прилог на грчките медиуми, кои веднаш ја пренесоа веста, алудирајки дека Македонија прави антипропагнада не само против Грција, но и против Бугарија. Европската Унија чија темелна вредност, меѓу другото, се човековите права, досега го нема покренато прашањето дали и колку нивната земја членка Бугарија ги почитува Правата на своите малцинства. Организацијата на маедонскиот народ во Бугарија ОМО Илинден, скоро 10 години води битка да се регистрира како партија, секојдневно сосочувајки се со тортура и негаторска политика од страна на бугарските власти. Бугарија веќе три години не сака да ја спроведе ниту правосилната одлука на Европскиот Суд за човекови права, а поминува неказнето.Веста е преземена од ТВ Сител
|