ВестиЗа насКонтактКомерцијаЛинкови
logotransparenttopbanner
?? ???????EnglishSerbian
Eurostandard Banka
24.11.2008 09:46
Неделен преглед на регионалните берзи Испечати Е-пошта
Sample Image
 Недостасува оптимизам и на регионалните берзи
Загреб- Минатата недела  Загребската берза беше во знакот на огромен пад на цените на акциите, а ситуацијата можеше да се нарече панична распродажба. Берзанскиот индекс на Загребската берза, Кробекс четврти ден по ред се забележува во минус, со пад од 16.2%, па во петокот неговата вредност изнесуваше 1.713,66 поени. Прометот од редовното тргување изнесуваше 249.2 милиони куни што претставува поголем промет остварен споредено со минатата недела за 53.19%.
 
Белград- Сите пет трговски дена од минатата недела се карактеризираа со силен надолен тренд, проследен со голема паника кај инвеститорите. Индексот Белекс15 загуби на вредност над 15% спуштајќи се на апсолутен историски минимум. Најтргувана хартија од вредност беше белградската Универзал банка, и тоа благодарение на неколкуте однапред договорени транскации. 
 
Сараево- Минатата седмица се разликува од претходната само по поголемиот промет, додека цените на акциите продолжија со пад, и вредностите на индексите достигнаа ново минимално ниво.
Индексот на Слободниот пазар САКС-10 ја затвори седмицата со 1.334,33 индексни поени, што е во однос на минатиот петок пад од 10.38%. Вредноста на индексот на инвестиционите фондови е намален за 2.26% и моментално изнесува 2.435, 60 индексни поени. Вкупниот седмичен промет изнесуваше над 54 милиони КМ. За тоа најзаслужна беше втората транша на обврзниците на УниКредит банка, реализирана во понеделникот во вредност од 40 милиони КМ. 
 
Бања Лука- Според остварените резултати, станува збор за најлошата седмица оваа година за Бањалучката берза. Со исклучок на четири хартии од вредност, ниту една друга не успеа да оствари промет на 50.000 КМ, па вкупниот промет од 1.441.003 КМ воопшто не е изненадување. Овој тек на активности го поттикна понатамошниот надолен тренд на индексите, кои забележуваат и најниско ниво на вредноста во последните две години.
 
Подгорица -  Прометот за оваа седмица изнесуваше еден милион и 344 илјади евра, што е за околу 400 илјади евра повеќе од претходната седмица.
Сите црногорски индекси, за сите пет дена во седмицата беа во црвената територија. Индекс НЕКС20 до крајот на седмицата забележа пад од 14.39%. Неговата вредност на затворање во петокот изнесуваше 9.275,79 поени. Вредноста на индексот НЕКСПИФ во петокот затвори на 5.253,04 поени, што е 30.89% помалку од минатиот петок. На Монтенегроберзата МОСТЕ исто така беше во петдневен минус и забележа неделен пад од 13.3%. Неговата вредност во петокот беше заклучена на 389,9565 индексни поени. 
 
 
(Сеебиз хр.) 
 
 
Коментари
Пребарај
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.

3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
< Претходно   Следно >
Поврзани вести



28.11.2008     БЕРЗОМЕТАР
Најголем пораст
симбол
цена промена
РАДЕ
1.491 ▲  5.00
ЗИМС
1.250 ▲  2.12
ТТК
1.167 ▲  1.48
ВИТА
7.800 ▲  1.25
РМДЕН07
83 ▲  1.08
Најголем пад
симбол цена промена
КИРО
2.185 ▼   5.00
МТУР
4.007 ▼   4.98
ТПЛФ
3.352 ▼   4.93
ТКВШ
4.906 ▼   4.92
СТИЛ
181 ▼   4.74
Најголем промет
симбол цена промет
ТПЛФ
3.352 2.460.434
МПТ
35.907 1.364.460
РМДЕН06
82
926.329
СБТ
2.773 532.340
РМДЕН07
83
348.009
Инвестициски фондови*
фонд вредност
Инново
статус
 34,8927
Илирика - ЈИЕ 51,2347
Илирика - Глобал 46,2848
КД БРИК 100,3895
КД Јужен Балкан  100,3578
Сава Инвест Растечки 100,7377
Сава Инвест Балансирачки  101,1493
Мој Фонд 100,1588
Вредностите на уделите се за ден 26.11.2008 г.





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
© 2012 МК Фондови