| 25.11.2008 09:06 | ||
| Словенечки телеком сака да го купи Космофон |
|
|
Словенечки Телеком сака да го купи Космофон. Според портпаролката на оваа компанија, цената на вториот мобилен оператор во Македонија се проценува од 266 до 315 милиони евра. Продажбата би требало да финишира во февруари или март следната година. Сега словенечки Телеком преговара со банките за обезбедување на 400 милиони евра заем, наменет за преземање во регионот. Покрај Космофон, најголемиот фиксен, мобилен и интернет опертор во Словенија заинтересиран е да го купи и најголемиот босански телеком оператор, а сака да инвестира и во Хрватска. Инаку за купување на Космофон до сега јавен интерес покажа и австриски Мобилком. Што се однесува на првиот оператор Т мобајл, Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука да им додели 3Г лиценца. Т мобајл има рок до 19 декември да уплати 10 милиони евра. Услугите од третата генерација треба да бидат достапни од средината на следната година. (Сител Телевизија)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|









