| 26.11.2008 10:42 | ||
| МБИ -10 повторно со благ пораст |
|
|
МБИ -10 e во благ пораст од 0,85%, на 2.367,96 индексни поени, а иста е ситуацијата и со индексот на јавно поседувани друштва МБИД, кој изнесува 2.832,28 индексни поени (+1,94%) За порастот на МБИ-10 највеќе придонесоа зголемените вредности на Алкалоид (+1,04%, 3.481,00 ден.) и Макпетрол (+1,68%, 35.092,00 ден.). Кај останатите компании од МБИ-10 нема промени. Акцијата на Гранит се тргува за 600,00 денари, вредноста на акциите на Макстил сеуште изнесува 188,00 ден., а Бетон и Скопски пазар исто така ги задржаа своите вредности од 11.000 и 12.000 ден. соодветно. На порастот на индексот на јавно поседувани друштва МБИД најмногу влијаеше порастот на цената на акцијата на Тутунска Банка од дури 5,56% на 5318, 00 денари по акција. Пораст забележаа акциите на Раде Кончар АД Скопје од 5% каде просечна цена е 1.365,00 денари по акција. Комуна АД Скопје е со пораст од 4,60% со просечна цена од 523,00 денари по акција. Прометот изнесува 5.552.328,00 денари
(Mк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|













