| 26.11.2008 14:52 | ||
| Од берзата во Сараево |
|
|
Вкупниот промет денес изнесува 553.075 КМ, каде што најголем дел од прометот имаа акциите на ИК Банка и тоа во износ околу 350 илјади КМ. На врвот е сеуште Фабриката за тутун Сараево со 51.823 КМ, па следи Плин Д.Д. Сараево со 41.800 КМ промет. Вредноста на БИФКС денес е во пад за 1,61%, додека пак САСКС-10 забележа раст од 2,76%. Поголемиот дел од акциите во состав на САСКС-10 денес беа во зелено, но обемот на остварениот промет не е за пофалба. Најголем раст забележа Енергоинвест, со чии акции се тргуваше по 9,89 КМ. Цената на Енергоинвест се зголеми за 8,70 отсто. Акциите на БХ Телеком пораснаа за 2,77 отсто. Во црвената зона се најде АБС Банка чија акција се спушти на 318,10 КМ, што воедно е и нејзиниот максимален можен пад. Со негативен предзнак беше и ИК Банка (-0,66%). Сите акции со кои тргуваа фондовите беа во црвената зона. Најмногу изгуби Кробин фонд и тоа -4,94%. (Сеебиз)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|













