| Поради злоупотрба на монополската позиција на пазарот
|
Бугарската Комисија за заштита на конкурентноста и изрече две парични казни на „Кока Кола Хеленик Ботлинг Компани Бугарија“ во висина од 300 и 200 илјади лева (150 и 100 илјади евра), поради злоупотрба на монополската позиција на пазарот. Комисијата соопшти дека „Кока Кола Бугарија“ својата монополска позиција на бугарскиот пазар на безалкохони пијалоци, природни сокови и леден чај, ја злоупотребила на тој начин што почнувајќи од 2005 година ги принудувала трговиците да склучуваат договор со кои се воспоставуваат нелојални пазарни услови.
Според Комисијата, со договорите „Кока Кола Бугарија“ им забранувала на дистрибутерите на пијалоци да тргуваат меѓу себе со нејзините производи, туку тие само смееле да им ги продаваат на трговските објекти кои ги опслужуваат крајните потрошувачи.
Комисијата смета дека ваквото однесување на „Кока Кола Бугарија“ претставува сериозна злоупотреба на нејзината стопанска позиција, што е во спротивност со принципите на Законот за заштита на конкурентноста. (Сител)
|