| 27.11.2008 09:33 | ||
| Старт на тргувањето без промена на индексите |
|
|
Скромно отварање на денешниот трговски ден на Македонската Берза, имаше трансакции само со четири компании но сепак индексите не се променија така што МБИ-10 остана на 2.364,99 индексни поени, индексот на јавно поседувани друштва МБИД е 2.832,28 и индексот ОМБ е 105,12 индексни поени. Трансакции имаше со две компании од МБИ-10 индексот, но не дојде до промена на цените на истите компании Топлификација АД Скопје се истргува по просечна цена од 3.526,00 денари и Стопанка Банака АД Битола по цена од 2.800,00 денари. Пад доживеаа акциите на Витаминка АД Прилеп од 1,04% а просчната цената е 7.700,00 денари,а додека пораст имаат акциите на Раде Кончар АД Скопје од 2,56% каде цената по која беа истргувани беше 1.400,00 денари. Прометот во десет часот изнесуваше 1.382,580,00 денари. (МКФондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|













