| 27.11.2008 09:44 | ||
| Нафтениот и банкарскиот сектор ги спушти индеските |
|
|
Европските берзански индекси во средата се најдоа под голем притисок поради слабеењето на нафтените и банкарските акции. Загриженоста за се подлабоката рецесија, ги потисна во втор план најновиот пакет за поттик на централната банка на ФЕД. ФТСЕ во вакви околности се спушти за цели 1,5 отсто, на 4.110 поени. Индексот ДАКС изгуби скоро еден отсто, симнувајќи се на 4.515 поени. Акциите од енергетскиот сектор беа најмногу погодени поради загриженоста поврзана со намалената побарувачка за сирова нафта во развиените земји. БП, Ројал Дач Шел, производител на плин БГ Груп и Талов Оил забележаа пад на цената на акциите во распон од 2,2 до 4,4 отсто. Акциите во банкарскиот сектор се најдоа исто така под притисок покрај вниманието на инвеститорите од сивите економски податоци кои се поткрепени со изгледот за сериозни кризи во светот. Британската економија во третиот квартал забележа најголем пад на ликвидноста од 1990 година, потрошувачката на домаќинствата е силно намалена во последните десетина години. Од друга страна, во рударскиот сектор добитници беа акциите на БХ Билтон, Англо Американа, Веданта Ресорс, Лонмина, Казакмиса, Кстрате и Антофагсте, од околу 0,6 до 7,4 отсто. Од поединечните добитници се истакна акцијата на Порше, со скок на цената од 1,8 отсто, по исказот на автомобилскиот производител дека нема да плати смешна цена за акциите на Фолксваген поради рецесијата. Индексот Никкеи ослабе за 1,3 отсто, затворајќи го тргувањето на 8.213 поени.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|













