| ЕУ предложи стимулативни мерки |
Eвропската унија предложи пакет стимулативни мерки тежок 200 милијарди евра со кои треба да се санира драматичниот економски пад на земјите членки. Парите ќе се распределат, а Европската комисија бара планот да го прифатат сите европски национални влади. Според експертите ова ќе биде сериозен тест за трошењето на националните влади.
Комисијата остави простор владите на земјите членки на ЕУ да го надминат 3%-от лимит во буџетскиот дефицит, се додека ваквите дефицити се привремени и умерени. Пакетот мерки предвидува фискална стимулација од 1,5% од брутодомашниот производ на Европскат унија. Се предвидува пакетот да чини околу 170 милијарди долари или 1,2% од БДП од националниот буџет на земјите членки. ЕУ и Европската инвестициона банка да издвојат околу 30 милијарди евра. Предвидено е, со најмалку 5 милијарди евра да се финансира европскиот автомобилски сектор. (Сител телевизија)
|