| 27.11.2008 13:54 | ||
| Ситигруп продаде 26 милиони акции |
|
|
Мексиканскиот бзинисмен, Карлос Слим купи акции (вкупно 26 милиони акции) од Ситигруп во износ од 150 милиони долари. Овој чекор преставува вложување во портофолиото на групацијата Групо Финансиеро Инбурса. Фокусот на овој бизнисмен е индустријата на телекомуникациите, чие богатство се проценува на повеќе од 50 милијарди долари. Неодамна Владата на САД најави пакет помош за Ситигруп и тоа во вредност поголема од 300 милијарди долари. Оваа вест предизвика позитивни вибрации на Вол Стрит, но и на берзите во Европа со што порасна вредноста на акциите. Со ваков чекор владата во Вашингтон го превзеде товарот на потенцијалните загуби на Ситигруп, кои би можеле да произлезат од 306 милијарди вредното портфолио на ризични вложувања, и реши да инјектира дополнителни 20 милијарди долари капитал, после вбризганите 25 милијарди долари. Ситигруп е присутна во повеќе од 100 земји и располага со имот вреден повеќе од 2.000 милијарди долари, па се смета за преголема за да се толерира нејзниот колапс. Оваа банка лани забележа загуба од 20,3 милијарди долари.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|













