| Од почетокот на годината акциите на „Арселор Митал“ се намалија за 64 проценти |
Гигантот во челичната индустрија, компанијата „Арселор Митал“ вчера соопшти дека разгледува план за отуштање на околу 9.000 работници од нејзините фабрики ширум светот, како дел од мерките за справување со последиците од економската криза. Компанијата, која е најголем производител на челик во светот, информира дека на удар на оваа мерка пред се ќе се најдат администравците и работниците кои не се дирекно вклучени во производството на челик.
Предвидено е „Арселор Митал“ да отупшти околу три проценти од својата работна сила, со што планира да ги намали своите трошоци за околу 760 милиони евра.
- Ова е многу тешка одлука за компанијата, бидејќи нам сите работници ни се многу важни. Тоа е тажно, но глобалната економска реалност не тера на такви мерки, изјави извршниот потпретседател на „Арселор Митал“, Бернард Фонтана.
Според претставник на синдикатот на „Арселот Митал“, од вкупниот број на работници што ќе останат без работа, околу 6.000 се од фабриките на компанијата во Европа.
Од почетокот на годината акциите на „Арселор Митал“ се намалија за 64 проценти. Вчера на Берзата во Париз тие пораснаа за 3,38 отсто на 19,4 евра за акција.
„Арселор Митал“ е сопственик и на дел од некогашната скопска Железарница. (Сител)
|