| 28.11.2008 08:02 | ||
| Македонија следната година со раст од 2.1% |
|
|
Македонската економија ќе има раст од 2,1% следната година. Заедно со Турција и Хрватска, нашата земја, според прогнозите на Виенскиот институт, објавени денеска, ќе има среден раст. Според владините прогнози пак, економијата се очекуваше да порасне до 5%. Останатите балкански земји ќе имаат раст од 3, 2%, прогнозира Виенскиот институт . Финансиската криза ќе ги погоди сите држави од Источна и Централна Европа. Инвестициите во земјите ќе се намалуваат, производството ќе паѓа, бројот на невработени ќе се зголемува. Кај нас, по металургијата последиците веќе се чувствуваат и во текстилната индустрија. Три текстилни фабрики во Штип се затворени. Стотина работници останаа на улица. Во Прилеп околу 350 се спремаат за принуден одмор. Нарачките од странство речиси се прополовени. Според анализата на Виенскиот институт, Источна Европа ќе ја избегне рецесијата, сепак, позитивни прогнози има за инфлацијата. Таа постепено ќе се намалува, исто како и дефицитот во сите земји на источна и Централна Европа. (Сител телевизија)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|













