| 28.11.2008 08:41 | ||
| Азиските акции во пораст |
|
|
Азиските акции денес пораснаа поради позитивните чекори кои беа преземени од страна на Владата за извлекување на економијата од рецесија како и потикнување на побарувачката за стока и основни материјали. Индексот МСЦИ Азија Пацифик во петокот порасна 1,5 отсто до 1 часот и 33 минути по токиско време. На неделно ниво овој индекс се зголеми за 6,8 отсто. Клучниот јапонски индекс Никкеи 225 неделата ја заклучи со раст за 1,66%, додека пак индискиот индекс Сенситив потона за 0,2 отсто. Намалувањето на овој индекс беше предизвикан од терористичкиот напад во Мумбај, чија цел беа бизнисмените и менаџерите на фондовите кои инвестираат во Индија. Пазарот полека се стабилизира. Инвеститорите почнаа да купуваат поради зголемените очекувања дека мерките за заживување на економијата ќе почнат да делуваат. Најголемиот австралиски рудар и производител на сирова нафта, БХП Билитон Лтд, на својата вредност и додаде 5,7 отсто.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|













