| 28.11.2008 09:08 | ||
| Унијата ги скуси инвестициите за Бугарија |
|
|
Споребдено со лани инвестициите во Бугарија во моментов се намалени за милијарда евра. Ова намалување е резултат на светската финансиска криза, но поради одлуката на Унијата финансиски да ја казни со одземени 220 милиони евра од Бугарија. Според генералниот секретар на Европската Комисија Катрин Деј, од Бугарија се очекуваа да се види системот дека дејствува и дека е во состојба да ги открие проблемите и да се справи со нив. Деј додаде дека не е лесно да се направт промени преку ноќ, бидејќи станува збор за промена на култура, умови, на системот. Во врска со неповратно одземените 220 милиони евра за Бугарија, таа призна дека тоа се случува во тежок период на економска и финансиска криза. Треба да знаеме како се трошат парите на ЕУ во секоја држава членка. Овие 220 милиони евра веќе се загубени за Бугарија. Сега треба да се направи оценка зошто тоа се случи, како и да не се дозволи истото да се повтори. А тоа се случи бидејќи Европската комисија не беше доволно убедена дека Бугарија создала доволно здрави контролни системи, нагласи генералниот секретар на ЕК.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









