| 28.11.2008 09:48 | ||
| Во 10 часот вредноста на МБИ-10 непроменета |
|
|
На почетокот на денешното тргување, МБИ-10 ја задржа вредноста која ја имаше во фиксингот, додека индексот на Јавно поседувани друштва МБИД нема промени од вчерашното затварање (2.835,84 индексни поени), а индексот на обврзници ОМБ е во мал пораст од 0,12% и изнесува 105,26 индексни поени. Од МБИ-10 индексот тргување имаше само со Топлификација АД Скопје која е виновник за благиот пад на индексот, која има пад од 4,91% и просечна цена од 3.353,00 денари, и со акциите на Комерцијална банка АД Скопје кои немаат промена во цената (2.680,00 ден.). Од обврзниците актуелни се РМДЕН05 кои пораснаа 0,29% на просечна цена од 81,94% и обврзниците од шестата емисија, РМДЕН06 кои пораснаа за 0,94% и се тргуваат по просечна цена од 82%. Прометот во 10,00 ч. изнесува 2.304.060,76 денари.
(Mк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|













