| 28.11.2008 10:49 | ||
| МБИ-10 во црвено |
|
|
МБИ-10 продолжи да опаѓа и моментално се наоѓа во црвената зона со пад од 0,67% и вредност од 2.363,80 индексни поени. Компаниите во составот на МБИД не се актуелни во моментот, а ОМБ индексот не забележа промена. Падот на МБИ-10 се должи на падот од 4,87% на Топлификација АД Скопје чија просечна цена изнесува 3.354,00 денари, падот од 1,74% на Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола (2.309,00 ден.) и оној на Макпетрол АД Скопје од 1,73% (35.501,00 ден.). Се тргуваше и со акциите на Гранит АД Скопје (600,00 денари), Стопанска банка АД Битола (2800,00 денари), Комерцијална банка АД Скопје (2680,00 денари) но кај овие компании немаше промени на цените. Што се однесува до акциите на останатите компании, меѓу оние кои се истакнаа со поголеми осцилации во досегашното тргување може да се споменат акциите на Киро Ќучук АД Велес (-5% ,2185,00 ден.), Македонија Турист АД Скопје(-4,98% ,4.007,00 ден.) кои забележаа сличен пад. Прометот до 11,00 изнесува 3.324.908,16 денари.
(Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|









