| 28.11.2008 11:00 | ||
| 58 отсто од РБС во рацете на владата на Британија |
|
|
Акционерите на Ројал Банка оф Скотланд купија само 0,2 отсто од понудените акции на оваа банка и тоа како составен дел од програмата за спасување. Инвеститорите купија вкупно 56 милиони акции по цена од 65,5 пени, што би значело дека владата на Британија има 58 постотен удел кој вреди 20 милијарди фунти (31 милијрда долари), пренесува Блумберг. Британската влада исто така ќе купи приоритетни акции во вредност од 5 милијарди фунти. РБС, Лојдс ТБС и ХБОС комбинирано продаваа акции во вредност од 37 милијарди фунти како дел од планот на Гордон Браун со цел зајакнување на капиталот во британскиот банкарски сектор. И додека акционерите на РБС го одобрија владниот план за спас, поголемиот дел од нив учествуваа во купувањето на акциите кои беа понудени по 16 отсто поголема цена од вчерашната цена на берзата во Лондон.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Поврзани вести |
|---|









