| Аналитичарите очекуваа дека стапката ќе биде на ниво од 2,4 отсто
|
Според Евростат инфлацијата во Еврозоната забави на 2,1 отсто во септември, во однос на 3,2 отсто колку што изнесуваше еден месец порано. Со ова намалување станува збор за најголем пад на европската инфлација уште од 1991 година. Аналитичарите на Блумберг очекуваа дека стапката ќе биде на ниво од 2,4 отсто. Евростат следниот месец ќе изготви пообемна статистика за дивижењата на инфлацијата. Во издвоеното известување беше објавено дека стапката на невработеност во еврозоната е зголемена за 7,7 отсто во октомври, во однос на септемвриските 7,6 отсто. Станува збор занајголема невработеност уште од јануари 2007 година.  Мк Фондови
|