| 28.11.2008 12:38 | ||
| Намалените камати не ги потикна инвеститорите |
|
|
На почетокот на денешното тргување на берзите во Европа цените на акциите немаа некои позначајни движења, бидејќи инвеститорите се многу внимателни поради новите вести за ширењето на рецесијата. Дури ни намалените камати во Европа не успеаа да ги поттикнат инвеститорите на купување на акции. Водечкиот индекс на европските акции ФТСЕурофрст 300 утринава се намали за 0,3 отсто, на 850 поени, по растот од 11,6 отсто кој беше регистриран во првиот дел од оваа недела. На берзите во Лондон, Париз и Франкфурт водечките индекси околу 10 часот беа во благ пораст. Вестите за падот на производството во Јапонија и рецесијата во Канада не го подобрија расположението, не влијае ниту пак најавите од британската и Европската централна банка дека од следната недела ќе ги намалат каматните стапки.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| Следно > |
|---|













