| 28.11.2008 12:39 | ||
| ОМБ во благ пораст |
|
|
МБИ-10 останува во црвената зона, со вредност од 2.349, 58 поени и пад од 1,27%. Во последните 60 минути обврзничкиот индекс ОМБ имаше благ пораст од 0,08%, достигнувајќи 105,05 поени. Порастот се должи на порастот од 0,94% на обврзниците на шестата емисија РМДЕН06 кои сега се тргуваат по цена од 84%. Акциите на Топлификација АД Скопје продолжуваат да паѓаат и сега се во минус од 4,92%, а нивната просечна цена е 3.352,42 ден. Вредноста на акциите на Макстил (-4,74%, 2.775,31), како и на акциите на Стопанска банка (-0,88, 2.775,31) продолжува да паѓа. На денешното тргување кое се одвиваше во периодот од 11 до 12ч не беше забележана промена на вредноста на акциите на Макпетрол. Се тргуваше и со акциите на ТТК Банка ( +1,48%, 1.167,00 ) и Витаминка Прилеп ( +1,25%, 780,00 ) кои во однос на другите компании забележаа пораст на вредноста. Прометот изнесува 5.343.237,00 денари
(Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|













