| 1.12.2008 09:28 | ||
| Благ пад на ОМБ |
|
|
Во 10,00 ч. на Македонската Берза немаше поголеми промени, па така МБИ-10 сега изнесува 2,403,15 индексни поени, а МБИД остана на нивото од фиксингот. Обврзничкиот индекс, ОМБ забележа пад од 0,45% и сега изнесува 105,08 индексни поени. Акциите на Топлификација АД Скопје се со минимален пад од 0,06% а се тргуваат по цена од 3.350,00 денари по акција. Се тргуваше со акциите на Скопски Пазар Ад Скопје, чија цена остана непроменета (12.000,00), Комерцијална банка АД Скопје (2.808,00) и Алкалоид АД Скопје (3.646,00). За падот на ОМБ индексот придонесе падот од 1,55% на РМДЕН07 на просечна цена од 81,50% по обврзница. Имаше трансакција и со акциите на Раде Кончар пораснаа за 2,62% на просечна цена од 1.530,00 денари по акција. Прометот изнесува 6.298.601,86 денари.
(Мк Фондови)
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||||
| Следно > |
|---|













