|
Најголемата винарска визба во земјата, „Тиквеш“, основа фирма во Велика Британија заедно со германската компанија „Ризи“, за пробив на тој пазар.
Пазарите во Европа се следната цел на винаријата, а начинот на кој ќе се стигне до нив е преку организирано истражување на потребите и можностите на тие пазари, со здружени напори со германскиот партнер. Тиквеш има доминантно учество од 51% во новата фирма, која го носи името „Тиквеш вајнс интернешенел лимитид“. Ова претставува прв сериозен обид за пробив на македонските вина на пазарите во Европската Унија.
|