| 30.06.2008 05:48 | ||
| Оптимистички прогнози за Македонската берза |
|
|
|
Израелскиот аналитичар Сем Вакнин излезе со оптимистички резултати од својата фундаментална и техничка анализа на главниот берзански индекс.
Во јуни и во октомври 2007 година имав две презентации пред членовите на Здружението на брокери во Стопанската комора. На овие презентации предупредив дека пазарните вредности на повеќето фирми со кои се тргува на берзата, особено компонентите на индексот МБИ-10, претерано се зголемени. Според моите пресметки, реалната вредност на МБИ-10 би требало да биде околу 4.300. Овие прогнози ги повторив во една статија од 4 декември 2007 година, објавена во „Лос Анџелес кроникл“. Оттогаш, МБИ-10 се намали за над 50 отсто и во моментот изнесува околу 4.600. Минатата недела извршив низа суштински и технички анализи во име на странски брокери и инвеститори. Резултатите од анализите се следните:1. Пазарот го достигна своето техничко дно. МБИ-10 најверојатно нема да се намалува понатаму. Напротив, наредниот голем чекор („тренд“) е зголемување до 5.800 и потоа до 7.200. На долг период (две-три години), МБИ-10 би требало да достигне 13.300.2. Од десет компоненти на МБИ-10, осум фирми се потценети. Акциите на овие компании претставуваат одлични инвестиции за среднорочни (една година) и за долгорочни периоди (од три до пет години)3. Мислењата и на странските и на домашните професионалци се позитивни. Купувањето најверојатно ќе се зголеми. Но, непрофесионалците ќе му се придружат на пазарот подоцна, па обемот може да остане низок уште некое време.4. Единствениот проблем на пазарот во моментот е влошувањето на македонската макроекономија (инфлацијата, трговскиот дефицит, курсот на денарот и сл.) и политичката нестабилност. Но влијанието на овие фактори во моментот е пресметано во актуелните цени. Освен ако не настане голем колапс на меѓународниот финансиски систем, овие прашања нема да влијаат врз пазарот во наредните неколку месеци.
Само регистрираните корисници можат да внесуваат коментари.
Powered by !JoomlaComment 3.26
3.26 Copyright (C) 2008 Compojoom.com / Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved." |
||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|










